Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд има само во југозападниот дел од земјата. Поради појава на магла, видливоста во Крушево е намалена на 30 – 50 метри, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.