Неодговорното ДПМНЕ го блокира Законот за здравствена заштита и работи против функционално Собрание

Прес-конференција на Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ

 

„Опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку неодговорно и незрело однесување работи на штета на интересите на граѓаните и државата.

Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани се обидува да ги блокира измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години.

3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието, со единствена цел да спречат пратениците кои се во изолација да можат да работат од  далечина.

Функционирањето на Собранието го блокираат за да не може да им се помогне на најранливите преку реализација на четвртиот пакет економски мерки. Ја кочат помошта за македонската економија, го кочат и пописот и речиси и да не постои тема овде во Собранието за која ВМРО-ДПМНЕ покажува конструктивност.

Истовремено, антинародното и деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и надвор од законодавниот дом.

ВМРО ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува со некрофилска кампања и целосна неконструктивност.

Наместо да повикаат да се носат маски, да се одржува дистанца, тие, спротивно на препораките, се групираат повторно, организираат протести за спас на фотелјата на Мицкоски.

Ниту еднаш немаат повикано да се почитуваат мерките, како да сакаат да има што поголем број заболени, за после да напаѓаат, каква некрофилија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се изгубени во просторот и времето, наместо да работат за доброто на граѓаните, прават се за да биде полошо. Ако се барем малку одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба  да прекинат со блокади на крстосници, наместо да бројат мртви, да повикаат да се почитуваат мерките, да се откажат од блокадата на собранието и да го поддржат пописот.

Колку и да е за несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие нема да успеат да ги блокираат реформите, да го блокираат напредокот на државата.

Реформскиот процес во интерес на граѓаните и државата продолжува.

Треба да знаете
Последни објави