Охридскиот совет со 12 гласа „ЗА“ ја прифати оставката од контроверзниот бизнисмен и член на ДУИ, Нефи Усеини. Оваа точка беше прва на дневен ред на денешната седница на Совет – Предлог- одлука за константирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид, објави „А1он“.
Причините за оставката на Усеини засега не се познати.
Против Усеини се води и судска постапка, за насилство, чии рочишта двапати по ред се одложуваат. Првото образложение кое го даде на судијата е дека е на операција во Турција, а сега, достави документ дека има коронавирус. Нефи Усеини и неговито брат Ибро во притвор беа 16 денови, а судот ги ослободи откако тие дадоа гаранција имот во вредност од 850 илјади евра.
Двајцата летоска беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски, кој откако беше започна постапка од Обвинителството, негираше дека бил нападнат. Сепак, охридската полиција констатирала дека имало употреба на пиштол во нападот од страна на обвинетите.
Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини. Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го натепа советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, среде седница. Охридскиот советник е ослободен од еден случај, за физичкиот напад на професорот Илјаз Илјази кој беше натепан пред неговото престојувалиште во Охрид.