Кси Џинпинг изрази сочувство за смртта на Жискар Дестен

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изрази искрено сочувство до францускиот претседател Емануел Макрон за смртта на поранешниот шеф на државата Валери Жискар Дестен.

Поранешниот претседател беше голем француски државник и важен промотор на европската интеграција, се наведува во пораката на кинескиот претседател, објави државната ЦЦТВ.

„Тој ја сакаше кинеската култура, активно ја охрабруваше пријателската размена и соработка меѓу Кина и Франција и многу придонесе за развој на односите меѓу двете земји“, рече Кси.

Валери Жискар Дестен почина на 95-годишна возраст од последиците од инфекција со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави