Изминативе 24 часа во земјите од регионов се евидентирани четирицифрени бројки со заразени лица од коронавирусот. Во Хрватска се регистрирани 3.955 нови случаи. Бројот на активни случаи изнесува 24.190, а починале во изминатиов ден 68 лица. Хоспитализирани се 2.427 лица, од кои на респиратор се 262 пациенти.
Во Словенија од направени 6.853 тестирања се регистрирани 1.784 новозаразени. Починало 61 лице. На болничко лекување се наоѓаат 1.284 пациенти од кои 197 се приклучени на респираторни машини.
Србија каде катадневно бројките растат и се евидентираат црни рекорди од новозаразени лица од денеска воведе уште поригорозни мерки, а од утре со работа почнува и најголемата новоизградена ковид-болница. Епидемиолозите во земјата предвидуваат дека бројките на новозаразени ќе се движат до 10.000 на дневно ниво.
Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 1.254 новоразени, а починати се 53 лица.