Тимот предводен од д-р. Ричард Племпер првично откри дека „Молнупиравир“ е всушност многу ефикасен против сезонскиот грип.
Тим научници од Институтот за биомедицински науки при Државниот универзитет во Џорџија откриле дека постои лек што може лесно да се земе и е целосно ефикасен во спречување на ширење на новиот коронавирус, 24 часа откако пациентот ќе го испие.
Тимот предводен од д-р. Ричард Племпер првично откри дека „Молнупиравир“ е всушност многу ефикасен против сезонскиот грип.
– Овде за прв пат се покажа дека веќе постоечкиот лек што се зема орално брзо го блокира пренесувањето на вирусот САРС-КоВ-2. Ова може да ги промени правилата на играта – посочува др. Племпер.
Спречувањето во широката трансмисија на новиот вирус кај населението до моментот кога вакцината ќе биде широко достапна е најважната задача за ставање под контрола на болеста ковид-19 и ублажување на катастрофалните последици од пандемијата. Бидејќи овој лек може да се зема орално, третманот со него може да започне многу рано, со три потенцијални придобивки: запирање на прогресијата на болеста во потешка форма кај пациентот, скратување на инфективната фаза за да се намалат емоционалните и социоекономските трошоци за изолација и брзо да се изгаснат локалните епидемиолошки жаришта.
Забележавме многу рано дека „Молнупиравир“ има широк спектар на активности против респираторни „РНК“ вируси и дека лекувањето на заразени животни преку уста со овој лек го намалува вирусното оптоварување неколку пати, драматично намалувајќи го и пренесувањето – објаснува д-р. Племпер.
Овие карактеристики го прават „Молнупиравир“ моќен кандидат за фармаколошка контрола на болеста ковид-19.
Студијата спроведена од тимот на Племпер беше објавена во научното списание „Nature Microbiology“, во кое „Молнупиравир“ беше пренаменет во борба против вирусот САРС-КоВ-2, а за тестирањето се користени верверички за да се види колку лекот го потиснува пренесувањето.
– Веруваме дека верверичките се релевантен модел за пренесување затоа што го шират САРС-КoВ-2 без проблеми, но главно воопшто не развиваат тешка болест, што е прилично слично на начинот на кој новиот коронавирус го пренесува помладата популација – изјави колегата и коавтор на Племпер, др. Роберт Кокс.
Верверичките најпрво биле заразени со новиот коронавирус, а потоа го следеле ширењето на вирусот меѓу нив, што започнало со ширење на вирусот од носот на животните. Потоа им бил даден „Молнупиравир“. Кога во истиот простор поставиле заразени верверички кои земале лек со незаразените, никој не бил заразен во контакт. Ако податоците добиени за верверичките можат да се докажат со тестирање врз луѓе, пациентите со ковид-19 кои примаат „Молнупиравир“ може да станат неинфективни во рок од 24 часа. „Молнупиравир“ во моментов е во напредна фаза (II / III) на клинички студии.