Навивачите разочарани од восочната фигура на Меси

Музејот на восочни фигури во Барселона ја изложи новата статуа на капитенот на каталонскиот клуб Лионел Меси, предизвикувајќи подбивни реакции од навивачите поради „изобличениот” лик на Аргентинецот.

Меси е претставен во клупските бои на Барселона со неговиот заштитен број 10 и карактеристичната поза во која ги прославува головите со кренати показалци кон небото.

Статуата предизвика големо разочарување и подбивни реакции на социјалните мрежи од голем број навивачи, кои коментираат дека ликот на Меси на восочната фигура е изобличен и повеќе наликува на играчот на Јувентус, Арон Рамзи или голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Треба да знаете
Последни објави