Секојдневните предизвици со кои медицинскиот персонал се соочуваат во извршувањето на секојдневните работни задачи, предизвиците во однос на тестирањето, прегледите и упатувањето понатаму на пациентите коишто се позитивни на коронавирусот или се супсектни, се темите на кои министерот за здравство Венко Филипче поразговарал со директорите на Здравствениот дом во Штип и Центарот за јавно здравје.
– Имајќи предвид дека Здравствениот дом во Штипи е најголемиот здравствен дом и најголема единица за итна медицинска помош во регионот, притисокот и интензитетот на работа е нависитна голем.Тука има сосема доволна количина на брзи тестови, близу 100 тестирања се прават на ден согласно индикацијата со ПЦР техниката или со брзите тестови. Постои одличен систем на координација и во две смени работат колегите од Здравствен дом и од Центарот за јавно здравје, практично со комбинирање на човечките ресурсите, лекари и сестри се излегува во пресрет на потребите на граѓаните, рече Филипче.
Во делот на итната медицинска помош, истакна дека капацитетите значајно се зголемиле во изминатите две години и оти повеќе од 20 доктори и медицински сестри се вработени.
Филипче информира дека со директорката на Здравствениот дом договориле и активности за следниот период, а тоа е целосно реновирање на ходниците и тоалетите, што треба да започне после две недели.
– Уште едно возило за итна помош коешто ќе стигне на крајот на месецов во Здравствениот дом во Штип и посебна специјална опрема којашто ни е донација од американска фондација, опрема за возилата од итна медицинска помош. Во делот за имунизација, вакциналните пунктови ќе бидат делови коишто се дел од проект од Светската банка, ќе се започне со целосно реновирање не само тука, туку и на територијата на цела држава на почетокот на следната година, рече Филипче при денешната посета на Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип.