Македонскиот јазик и македонскиот народ никогаш не само не бил позаштитен, туку и порано не бил поафирмиран. Денеска и Република Грција и Република Бугарија и целиот свет зборува за Македонците и македонскиот народ, земјата е членка на НАТО и има добиено одлука за почеток на преговори.
Ова го истакна премиерот и претседател на СДСМ денеска од пред предизборниот штаб на СДСМ, одговорајќи на прашање поставено од страна на пратеник од опозицијата од Штип.
-Завршија бесмислените лаги што 11 годни ги трпеше овој народ под превезот дека се води грижа за него, а всушност се уназадува секоја надеж за негова иднина. Денеска ние сме Македонци, што зборуваме македонски јазик. Денеска имаме лична карта која не е ФИРОМ, денеска пишува во нашата лична карта дека сме Македонци и дека зборуваме македонски јазик, денеска имаме имотен лист, денеска сме држава и кажуваме без разлика на односот на кој било од соседите. Знаеме да бидеме пријатели, знаеме да бидеме трпеливи, знаеме да бидеме инвентивни, но занеме да заштитиме се што е наше македонско, македонштина, македонски јазик и сите права на Македонците како еднаков народ со сите народи во ЕУ, изјави Заев и порача дека треба да продолжат да служат на земјата и на граѓаните.