Пратениците од власта и од опозициција на денешната собраниска седница ги изгласаа законите кои се однесуваат на четвртиот сет антикризни мерки. Со нив ранливите категории ќе добијат помош од по 6000 денари, а финансиска подршка ќе има и за лозарите.
Граѓаните со ниски примања,самохраните родители, децата без родители, филмските работници и уметници ќе добијат помош од државата од по 6000 денари кои ќе треба да ги потрошат најдоцна до 25 декември.
Пратениците од опозицијата порачаа дека секогаш ќе подржуваат зкаони кои се од интерес за граѓаните.