Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг одлучи да не дава изјави за медиумите во текот на целата сезона 2020/21, објави ЕСПН.
Ирвинг преку неговиот портпарол информира дека сака да се фокусира на играта и побара да биде „оставен за неговата работа да зборува на теренот”.
Минатата сезона во НБА лигата, Ирвинг го пропушти поголемиот дел поради повреда. Одигра само 20 натпревари за Бруклин со просек од 27,4 поени, 6,4 асистенции и 5,2 скока по натпревар.