Турција најавува воени вежби југоисточно од Крит

Турција денеска издаде поморско известување за одржување воени вежби во областа југоисточно од Крит, пренесува Екатимерини.

Анкара вчера најави дека воените вежби ќе се одржат на 9 и 10 декември во водите меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо, а денеска издаде порака Навтекс.

Вежбите ќе се совпаднат со самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 10 и 11 декември и на кој треба да се донесе одлука за санкции против Анкара.

Треба да знаете
Последни објави