Германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд веќе трет натпревар по ред не успева да забележи победа. Не само што денес на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, Борусија не освои, туку треба и да е среќна со бод, бидејќи се спаси од пораз со голот на Американецот Џовани Рејна во второто полувреме за конечни 1:1.
Претходно „милионерите” ремизира со Лацио (1:1) во Лигата на шампионите и загубија од Келн (1:2) во Бундеслигата.
Во моментов Борусија Дортмунд е на 3.место во Германското фудбалско првенство со 19 бода од 10 натпревари.