Челси времено го запоседна врвот во Премиер лигата по триумфот над Лидс

Челси по само четири минути имаше негатива во дуелот со Лидс на „Стемфорд Бриџ“ од 11. коло против Лидс, во англиската фудбалска Премиер лига. Тимот од Лондон сепак направи пресврт и на крајот ги освои бодвите (3:1) од дуелот со тимот на македонскиот репрезентативец Езџијан  Алиоски, кој на теренот беше до 69. минута.

Бамфорд прв реализираше во Лондон, предизвикувајќи шок за домашните фудбалери. Сепак, Челси успеа да израмни во првиот дел, со уште еден гол на расположениот Оливие Жиру, а притисокот во второто полувреме резултираше со погодоци за победа на тимот предводен од Френк Лампард.

Пресвртот го комплетираше Курт Зума во 61. минута, а во судиското продолжение Вернер испрати одлична асистенција до Пулишиќ, кој ги постави конечните 3:1.

Тимот од Лондон со 22 бодови привремено е на првото место. Лидс има само 14 бодови и е во вториот дел од табелата во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави