Парламентарни избори во Романија

Повеќе од 18 милиони Романци денеска гласаат на парламентарни избори денес, а излезноста до 10:00 часот е 4,97 проценти, што значи дека до тоа време гласале 904.647 граѓани.

Отворени се 18.802 избирачки места низ целата земја, од кои повеќе од 1.200 во главниот град Букурешт и околу 700 во странство.

Централната изборна комисија соопшти дека до 10 часот гласале 513.063 избирачи во урбаните, а 391.584 во руралните области.

По телефон гласале 1.046 луѓе, а најголем одзив е забележан во областите Мехединт – 7,03 проценти и Телеорман 6,75 проценти.

Треба да знаете
Последни објави