ПСЖ го раскина договорот со Родригез поради љубовна афера

Францускиот првак ПСЖ го раскина договорот со Шпанецот Хесе Родригез, по медиумиските написи за негова вмешаност во љубовна афера.

Родригез дојде во ПСЖ од редовите на Реал Мадрид во 2016 година, а доби отказ шест месеци пред истекот на договорот со францускиот шампион.

Дваесетиседумгодишниот шпански фудбалер во ПСЖ заработуваше 400.000 фунти неделно, а раскинот на договорот уследи по новинските извештаи дека ја изневерувал сопругата Аура Руиз со своја блиска пријателка, фотомодел.

Треба да знаете
Последни објави