Костадинов: Со СДСМ и Сашко Николов продолжува грижата за сите граѓани на Штип, остануваме посветени на мерки за развој на економијата

Изборите во Штип на 13 декември се важни избори за граѓаните и за срцето на Истокот – градот Штип.
На овие избори СДСМ пред граѓаните излегува со чесен, одговорен и угледен кандидат со доктор Сашко Николов кој има визија, кој има решителност да работи посветено за Штип да продолжи да се развива.
Со Николов ќе продолжи напредокот и развојот на Штип која ќе продолжи да биде одговорна, отворена општина што работи за граѓаните. Со Николов Штип останува во сигурни раце.
За три години локална власт овде во Штип, но и како централна власт, СДСМ покажа што значи вистинска грижа. Грижата за секој е наш постулат и таа е постојана.
Ми беше чест што вчера во Собранието и покрај обидите за блокади од опозцијата, усвоивме законски решенија преку која ќе се спроведе мерката за исплата на помош од 6.000 денари за околу 283.000 наши сограѓани.
6.000 денари ќе добијат околу 180.000 пензионери кои добиваат пензии пониски од 15.000 денари, над 5.700 самохрани родители, потоа невработени лица кои се пасивни баратели на работа, естрадни, филмски и културни работници, корисници на права на социјсална сигурност, како и лица над 64 години кои не добиваат социјална пезнија и немаат друг приход.
Ова почитувани е потврда на нашата посветеност да се грижиме за сите граѓани и тоа продолжуваме да го правиме и на централно и на локално ниво.
За грижата за сите во Штип да продолжи уште повеќе, потребна е функционална и капацитетна општина, предводена од чесен, докажан и угледен кадар каков што е Сашко Николов.
Затоа, на 13 декември излезете на фер, слободни и здравствено безбедни избори и дајте ја поддршката за број два, поддршката за Сашко Николов за иден градоначалник на општина Штип.
https://youtu.be/wE-YvfXxu-I
Треба да знаете
Последни објави