Натпреварот од 10. коло во Италијанскиот фудбалски шампионат меѓу Удинезе и Аталанта нема да се одржи денес, објави на Твитер клубот од Бергамо. Причина е силниот дожд и поплавениот терен.
Условите на стадионот во Удине не дозволија денес да се игра фудбал. Новиот датум за натпреварот сè уште не е објавен.
Првичниот термин беше закажан за попладнево во 15 часот.