Легендарниот фолкер Џеј Рамадановски, кој почина денеска во Белград бил болен последниве три дена, но не сакал да оди на лекар, рекла девојката со која живеел во станот во населбата Дорчол.
Таа го убедувала да оди на лекар, но тој се надевал дека сè ќе помине брзо и дека не е потребно да оди на лекар. Таа денеска го пронашла мртва, повикала Брза помош, која се обидела да го реанимира, но немало спас за пејачот.
Неговиот најдобар пријател, Зоран Јагодиќ Руле кратко изјавил што се случувало во домот на пејачот.
-Почина, замина мојот брат. 25 години бевме нераздвојни. Заспа и не се разбуди. Пред еден час. Тука сум со ќерките, мора да видиме каква е процедурата. Се слушавме секој ден, не излегуваше од дома. Имаше лесна операција на срцето, срцето го издаде, изјавил кусо пријателот на Џеј.
Помладата ќерка на Рамадановски, Марија, рекла дека го гледала секој ден, и дека Џеј бил среќен.
-Не знам што да кажам сега, тој го нема. Луѓето го „погребуваа“ толку многу пати, но еве ви сега. Тој е мртов. Татко ми го нема. Ништо нема да биде како порано. Ова е шок за секого. Тато беше добро. Се гледавме секој ден и никој не се сомневаше дека ова ќе се случи. Последните неколку дена беше весел и расположен, правеше шеги во негов стил. Многу ми е тешко. Едвај зборувам. Тој умре одеднаш. Никој не очекуваше. За мене, ова е најголемиот удар во мојот живот. Немам сила да гледам телевизија или да отворам на Интернет. Не ми е гајле што е напишано или што е кажано. Сега сè е ирелевантно затоа што тој не е тука. Останавме без најважната личност во животот“, изјавила Марија низ солзи, изјавила Марија.
Инаки, во неговиот дом на Дорќол дојдоа многу пријатели за да му оддадал почит на кралот на народната музика, како што го нарекуваа на естрадата. Дел од нив се простија и со зборовите на песната „Недела“, хит што Џеј го испеа пред 28 години.
Studentski park . Muzika , pustaju mladi . Dzej .
Kuma poslala . pic.twitter.com/xMZB15Cqc7— Nena previse je (@schknedla) December 6, 2020