Манаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо денеска ја прекина традицијата да фаќа сеир со Арсенал, особено во вемето на Арсен Венгер, па по добиеното лондонско дерби (2:0) застана во одбрана на противничкиот менаџер, Микаел Артета.
Арсенал сега е дури 15-ти на табелата и работата на неискусниот Артета се повеќе се доведува во прашање, но Мурињо по средбата тврдеше дека „топчиите“ биле исклучително добро тактички поставени на теренот, а главната разлика ја направиле само генијалните потези на Сон и Кејн.
-Ова беше голем меч, не само поради тоа што беше Тотенхем против Арсенал, ова беше голем меч во секоја смисла, во тактичка и техничка. Сакам да му посветам добри зборови на Микел Артета и да му честитам што ни приреди тежок меч. Тактичките тие беа многу добри, беа многу добро организирани и ни создадоа многу проблеми во текот на целиот меч. Ние успеавме да ги надминеме овие проблеми бидејќи нашите играчи сега имаат голема самодоверба и тактички се совршени. Арсенал е добар тим и има добар тренер, заслуживме да победиме само поради двата неверојатни гола, изјави Жозе.
Сепак, Португалецот во негов стил додаде дека може да замисли што ќе се пишува утре за Арсенал.
-Ќе се пишува дека не се добри и дека се на лоша позиција на табелата. Јас верувам во нивните играчи и во тренерот, верувам дека со оваа гарнитура, Арсенал може да биде оној стариот, додаде Жозе.