Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемијата со коронавирусот е апсурдно и ирационално, едно зборуваат друго прават. Во име на лажна загриженост за здравјето на граѓаните не учествуваат на локалните избори во Штип, а истовремено организираат протести, на кои не се почитуваат мерките за заштита на здравјето во време на пандемија на коронавирусот.
ВМРО-ДПМНЕ бараа парламентарните избори да се одржат есенва, велејќи нема да има нов бран, а сега бегаат од изборите за градоначалник на Штип.
Не може да се најде оправдување за нивните постапки против заштитата на јавното здравје и поткопувањето на напорите на здравствениот систем за борба со коронавирусот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку неодговорно однесување во Собранието го кочеше носењето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, со што се одолговлекуваше воведувањето дополнителни мерки за заштита на јавното здравје.
ВМРО-ДПМНЕ го кочеше заемот за опремување на ковид-центри. Наместо една модуларна болница кај Инфективната клиника, сега ќе имавме 16 опремени модуларни болници, ако не го блокираа заемот од Светска Банка преку нивната заменик дополнителна министерка за финансии. Сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти.
На граѓаните им е кристално јасно дека Владата предводена од СДСМ посветено се грижи за јавното здравје, додека ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата прави опструкции и настојува да ги девалвира напорите за справување со пандемијата.