Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од потврдениот дезинформатор Христијан Мицкоски во очај и паника, продолжува со хајки, напади и конструкции.
Уште еднаш потврдија дека се заглавени во режимската матрица и за кредибилната студија, која ги нотира како главни извори на дезинформации, сметаат дека е виновен Сорос, како што за време владеењето на почесниот бегалец од правдата Сорос беше виновен за се.
ВМРО-ДПМНЕ е партија неспособна да преземе одговорност за своите постапки, за своето деструктивно делување на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните.
Опозицијата треба да запре со труењето на општеството, треба да престане со лажни вести, опасни тези со кои поттикнуваа омраза и поделби во јавноста, бидејќи вистината секојдневно ги демантира.
Во студијата на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се препознаени како главен извор на дезинформации, но граѓаните одамна им ги прочитаа лагите, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција.