Актерката Даница Максимовиќ префрлена во болница поради компликации од Ковид-19

Српската актерка Даница Максимовиќ, која е позитивна на корона вирусот, е префрлена во болница поради компликации со Ковид-19.

Според пишувањата на српските медиуми, Даница била примена во болница пред седум дена, за докторите да можат да ја следат нејзината здравствена состојба.

Во последниве денови Максимовиќ се чувствувала подобро и била во стабилна состојба, а според информациите наскоро треба да биде пуштена дома за да продолжи со лекувањето.

Треба да знаете
Последни објави