Пејачот и фронтмен на групата „Риба чорба“ Бора Ѓорѓевиќ, кој живее со своето семејство во Љубљана, не дошол на погребот на својот долгогодишен пријател, бидејќи тој наводно се наоѓа во многу тешка состојба. На Бора минатата година му бил дијагностициран карцином на простата, а неодамна неговата состојба се влошила.
„Бора води битка за живот. Неговата здравствена состојба значително се влоши, ракот се прошири на белите дробови, па Бора редовно оди на хемотерапија. Лекарите прават се што е во нивна моќ да ја стабилизираат состојбата на Бора, и токму поради таа причина тој одлучи да не доаѓа на погребот на Миша. Дополнителен ризик е коронавирусот, кој би бил фатален за Бора, кој и онака е во лоша состојба“, изјавил добро информиран извор за „Објектив.рс“.
Изворот додава дека Бора ретко го напушта семејниот дом, како и дека неговата сопруга му е најголема поддршка во тешките моменти.