Претседателот на Конфиндустрија, Ѓерѓ Буџуку во интервју за Ора њуз телевизија рече дека јавниот долг на земјата изнесува 82 отсто од Бруто домашниот производ и наближува до 100 отсто, доколку се земат в предвид сите други обврски.
-Јавниот долг пријавен во Албанија е во опсег од 82 отсто од БДП. Но, ако се разгледаат и обврските кон трети лица, како што се плаќања кон бизнисите, кон граѓаните, обврски од меѓународни арбитражи и пред се обврски кон концесии што ги има државата со бизниси на кои им се дадени преку јавно приватно партнерство, мислам дека сме на граница од 100 отсто,вели Буџуку.
Додаде дека ова е огромен товар за непродуктивната економија, затоа што може да се има голем долг, само ако се има продуктивна економија, да се произведува, продава, извезува.Само тогаш, нагласува тој, нема проблем да се задолжувате.
-Овој проблем е предизвикан од владите кои за да го надминат изборниот грч или четиригодишниот мандат на нивната влада, го зголемуваат долгот и едноставно ја преземаат власта без да размислуваат долго за тоа што ќе биде во иднина и зошто генерациите треба да плаќаат за големите грешки на своите предци, нагласи тој.
Буџуку со оценка дека главниот проблем поради кој албанската економија е непродуктивна е недостигот на конкуренција и „зграпчувањето на пазарите во една, две или три раце, монопол или олигопол пазари”.
Тој смета дека албанската економија била во лоша состојба и пред да биде погодена од кризата предизвикана од катастрофалниот земјотрес и пандемијата со Ковид-19.
-Макроекономската ситуација на Албанија е тешка и се очекува да остане идентична и во 2021 година. Ситуацијата станува тешка затоа што се силни шоковите што ги доби албанската економија од двете природни катастрофи, односно земјотресот и Ковид- 19. Но, пред се мора да се каже дека и без овие два шока албанската економија беше во лоша состојба,оценува првиот човек на албанската Конфиндустрија.