Буфон се враќа на голот на Јувентус за гостувањето во Барселона

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, денеска тренираше со соиграчите, откако ја залечи повредата поради која ги пропушти последните четири натпревари на актуелниот италијански првак.

Четириестидвегодишниот Буфон, како што јавуваат италијанските медиуми, би можел да се најде во почетниот состав на Јувентус веќе во вторник, на мечот од последното коло во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) против Барселона.

На гостувањето во Барселона, италијанскиот првак ќе биде ослабен за дефанзивците Џорџо Кјелини и Мерих Демирал.

Јувентус и Барселона веќе го обезбедија пласманот во нокаут фазата во ЛШ, а за прво место во групата на италијанскиот првак му е потребна победа од три голови разлика.

Треба да знаете
Последни објави