Владимир Нелоски, претседател на Градски Комитет при ВМРО-ДПМНЕ денес во вестите на телевизија 24 посочи дека денес е црн ден за Македонија, освен што државата денес официјално ја доби блокадата од Бугарија, денес сме официјално во рецесија поради неспособната власт на Зоран Заев.
„Денес е многу лош ден за македонскиот народ бидејќи денес е денот кога официјално ја добивме блокадата од страна на Република Бугарија. Дополнително и македонската економија влезе официјално во рецесија. Така да на овој лош ден за сите Ммакедонски граѓани ние одиме пред Владата на Република Македонија за да најпрвин му кажеме на Зоран Заев и сите оние кои што се околу него во Владата дека ова кое што го прават во преговорачките позиции и преговорањето со Бугарија нема да им помине“, нагласи Нелоски.
Нелоски додаде дека дополнително на денешните протести ќе се порача дека е потребна оставка на Заев, а слобода на народот.
„Ние сме пред се политичка партија која што е одговорна пред граѓаните. И мислам дека нема човек во Македонија кој што се сомнева во тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не може да изнесе огромна бројка на луѓе во било кое време, во било кои услови на улица. Но како одговорна партија пред се мораме во овој период да внимаваме на здравјето на граѓаните. И затоа го кажав од кујната на СДСМ, бидејќи таа теза која што тие ја пласираат е дека немало доволно луѓе на протестите. Истите тие луѓе доколку ние имавме денеска протест со 5.000 луѓе министерот Венко Филипче ќе не обвинеше дека сме кластер ВМРО и дека шириме корона“, истакна Нелоски.
Нелоски додаде дека не е важно дали на улицата има 100,200,500 или 1.000, 5.000 луѓе. Она кое што е важно дека револтот на граѓаните е евидентен.
„Како никогаш досега имаме сплотеност на луѓе од најразлични групи. На луѓе кои што биле против ВМРО-ДПМНЕ но и со ВМРО-ДПМНЕ. Целта на сите овие луѓе е јасна, а тоа е оставка на Зоран Заев“, нагласи Нелоски.