Победникот на Мундијалот 2022 го очекува рекордна заработка

Победникот на Светското првенство во фудбал 2022 во Катар ќе заработи рекордни 50 милиони долари.

Наградниот фонд на Мундијалот во Катар треба да изнесува 700 милиони долари, што е за 22 отсто повеќе во однос на последното СП во Русија.

Актуелниот светски првак Франција за освоената титула во 2018 година заработи 38 милиони долари, а Германија инкасираше 35 милиони долари четири години претходно.

Секоја репрезентација за пласман на СП 2022 ќе инкасира десет милиони долари, плус два милиони долари бонус за подготовки.

Износот наменет за осигурување на фудбалерите и надоместокот за нивните клубови ќе биде утврден дополнително.

Треба да знаете
Последни објави