ВМРО-ДПМНЕ вечерва се сетија дека претседателот Заев не ги продавал националните интереси.
Грешка биле. Од ВМРО-ДПМНЕ не знаеле за Договорот од Преспа и за членството во НАТО со непроменет и загарантиран македонски идентитет.
Има време ќе научат.
Како и да е, оваа конфузија во ВМРО-ДПМНЕ кажува многу.
Останува фактот дека и дома и во странство Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се препознаени како главен извор на лажни вести, а меѓу нив особено се истакнува Александар Николовски, човек кој беше демантиран од Организацијата на обединети нации.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се повикуваат на народот, народот на изборите им го покажа патот, во опозиција, сами и изолирани во сопоствениот очај.