Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска заклучија дека нема услови за финализирање на договорот од Брегзит.
„Ја разгледавме моменталната состојба на преговорите и заклучивме дека нема услови за финализирање на договорот поради преостанатите значителни разлики за три клучни прашања: еднакви права, управување и риболов”, се наведува во заедничката изјава на Фон дер Лајен и Џонсон, кои денеска имаа долг телефонски разговор.
Од главните преговарачи на ЕУ, Мишел Барние и на Велика Британија, Дејвид Фрост, е побарано да подготват преглед на „преостанатите разлики”, за што ќе се дискутира на физичкиот состанок во Брисел во наредните денови.
Договорот за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија ќе биде тема на состанокот на лидерите на ЕУ-27 кои пристигнуваат во Брисел на 10. и 11 декември на завршниот годишен самит.