– Вкупно 80 живи кобри и поскоци затворени во пластични шишиња неодамна се запленети на аеродромот во Диали, Камерун, соопшти синоќа камерунската царинска служба.
Двајца шверцери од Камерун и од Нигерија на царината пред влез во авионот за Лондон покажале дрвена кутија со фалсификувана дозвола за транспорт.
Заплената се случила ноќта помеѓу 3 и 4 декември, а на пластичните шишиња со живите змии пишувало „Отровно”.
Царината на Камерун соопшти дека тоа е прва таква заплена на аеродромот во Дуали.