Народот е на улиците низ цела Македонија да ја спречи распродажбата на идентитетот која ја подготвуваше сега веќе премиерот во заминување, Зоран Заев. Затоа Заев сега е очаен и нервозен бидејќи тој е осамен и изолиран политичар. Излегоа на виделина сите лаги на Заев исто како и криминалот и корупцијата на оваа власт.
Затоа Заев да ја спаси кариерата и да се спаси од одговорност во пазарџиски манир на тезга го стави идентитетот, јазикот, народот, историјата, па уште и го убедуваше народот дека е блиску до договор со Бугарија. Само очајни и корумпирани политичари може да речат дека е блиску до договор со некој кој ја оспорува придавката “македонски” , антифашистичките темели на државноста, јазикот и македонските херои.
Народот спаси промена на придавката македонски, сега треба да ја спаси Македонија од Заев. Со Заев нема ниту ЕУ, а има рецесија.
Готово е. Народот, јавноста, експертите, опозицијата, па дури и членовите на СДСМ се кренаа против Заев.
Тоа значи дека за сите неуспеси на Македонија мора да биде казнет главниот виновник, Зоран Заев.
Оставка на Заев, слобода на народот.