Расте нервозата во опозициската партија, лагите и дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно се демантираат од сите страни, Тоа го гледаат и во белиот дворец и затоа ВМРО-ДПМНЕ синоќа се сетија дека претседателот Заев не ги продавал националните интереси.
Се што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им нудат на граѓаните се дезинформации и лаги кои се разбиваат пред фактите и официјалните податоци. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и дома и надвор се потврдени како извор на лажни вести, затоа немаат доверба. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се повикуваат на народот, народот на изборите им го покажа патот, во опозиција, сами и изолирани во сопствениот очај.