Во Словенија рекорден број на починати, меѓу властите се јавија несогласувања околу мерките

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.627 нови инфекции со коронавирус од 6.158 тестови, а 66 лица починале како резултат на болеста, што е најмногу досега, соопшти денеска словенечката влада.

Со смртните случаи во последното деноноќие, вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата се зголеми на 1.861. Според јавните податоци за бројот на смртни случаи, во однос на популацијата, Словенија е меѓу најпогодените во Европа.

Многумина познавачи тоа го објаснуваат со релетивно глемиот удел на постари граѓани меѓу населението и големиот број на луѓе сместени во домовите за стари и изнемоштени.

Во моментов во болниците има 1.304 ковид-пациенти, што е за тројца повеќе од претходниот ден, а 193 во одделенијата за интензивна нега се сериозно болни, објави владиниот портпарол за Ковид-19, Јелко Кацин.

Состојбата со пандемијата Кацин ја оцени како загрижувачка бидејќи бројот на нови инфекции не опаѓа, а растот на инфекциите во Љубљана и другите поголеми жаришта е повторно во пораст.

И покрај најстрогите ограничувања кои во земјата се применуваат веќе месец и половина, резултатите од затворањето не го дадоа очекуваниот резултат бидејќи бројот на заразени и мртви од оваа болест е сè уште голем. Затоа, постојат несогласувања во рамките на владата и меѓу нејзините експерти за Ковид-19 за тоа дали треба нешто да се промени во пристапот за смирување на епидемијата.

Деновиве неотповиклива оставка од позицијата водечки советник во Министерството за здравство поднесе епидемиологот Марио Фафангел, кој претходно во неколку изјави даде критички забелешки за мерките на владата.

Треба да знаете
Последни објави