Полицијата денеска се уште без детали за вчерашната акција во Арачиново, во која е запленето 2 тона канабис, украдени во четвртокот од склад во Јосифово. Неофицијално, уапсени се две лица, но се трага и по останатите вмешани во кражбата.
Како што претходно информираше 24 Инфо, украдената марихуана стоела во камион паркиран на Кванташки пазар до вчера, кога возилото дошло во Арачиново за да се истовари камионот.
Каминот со приколка во која бил канабисот по кражбата се одвезол до Скопје каде била извршена замена, односно приколката со украдента стока е закачен на друг кмион, кој се паркирал на Кванташки. Оригиналниот камион, пак, е оставен на паркинг на патот кон граничниот премин Блаце.