Неколку лица се уапсени за вмешаност во убиството на водечки ирански нуклеарен научник, Мохсен Фахризад, изјави советникот на претседателот на иранскиот Парламент, Хосеин Амир-Абдолахијан, соопшти иранската агенција ИСНА, на која се повикуваат британските меидуми.
-Сторителите на овој атентат, од кои некои беа идентификувани, па дури и уапсени од безбедносните служби, нема да избегаат од правдата, изјави Амир-Абдолахијан за иранската телевизија Ал Алам.
Иранскиот нуклеарен научник Фахризад, кого Западот го идентификува како главниот архитект на тајната програма за нуклеарно оружје, беше убиен на 27 ноември во близина на Техеран.
На 2 декември иранските власти објавија дека го открија идентитетот на лицата вмешани во атентатот и убиството на Фехризад, но не беа откриени повеќе детали.
Мохсен Фехризад беше шеф на истражувачки центар за нови технологии во елитната Револуционерна гарда и беше водечка фигура во иранската нуклеарна програма.