Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 435 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 81 санкција, 41 мерка за нерегистрирани возила, 15 санкции за технички неисправни возила за јавениот превоз, 8 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 16 санкции за управување под дејство на алкохол, 27 мерки за некористење сигурносен појас, 17 санкции за користење на мобилен телефон, 36 мерки за непрописно паркирани возила, и 31 санкција за неносење заштитна маска.
На територијата на Драчево изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 14 санкции за нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас и 8 мерки за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.