Кинеската вакцина на „Синофарм“ покажа ефикасност од 86 отсто

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека тестирањата на кинеската вакцина против коронавирус покажале успешност од 86 отсто. Во тестирањата на вакцината на државната кинеска компанија
„Синофарм“, кои почнале во септември, учествувале 31.000 доброволци од 125 земји. Доброволците биле на возраст од 18 до 60 години и примиле две дози од вакцината во растојание од 28 дена.

Анализите покажале дека нема причини да сериозна загриженост во врска со безбедноста, соопшти Министерството за здравство.

Не е јасно дали резултатите се однесуваат на тестирањата во ОАЕ или на пробите извршени во Кина и други земји.

Кинеската вакцина е одобрена за итна употреба во неколку земји, а „Синофарм“ и натаму спроведува тестирања во 10 држави. Мароко планира овој месец да ја почне програмата, чија цел е вакцинација на 80 отсто од возрасното население, потпирајќи се на кинеската вакцина.

Претседателот на владата на ОАЕ, Мухамед Бин Рашид Мактум се вакцинираше за време на тестирањето на вакцината, чиј производител од „Синофарм“.

Треба да знаете
Последни објави