Борисов не е Ципрас, се надевам дека Заев ја научи лекцијата

Независниот пратеник во хрватскиот Сабор, Бојан Главашевиќ, кој е силен поддржувач на Македонија, на идентитетот и јазикот на македонскиот народ во интервју за МКД.мк вели дека Бојко Борисов не е Алексис Ципрас и дека се надева оти Зоран Заев ја научил лекцијата.

Според него, историски ревизионизам е политика на Бојко Борисов и неговата ГЕРБ, а не на сите партии.

-Социјалистичката партија на Бугарија, на пример, во Европскиот парламент гласаше за резолуцијата со која од Бугарија се бара да го признае македонското малцинство во земјата и на тие луѓе да им овозможи некои од правата. Ми изгледа дека станува збор за пресметка на Борисов со политичките противници преку македонскиот грб, а таква теза напиша во одличен текст нашиот новинар Зоран Даскаловиќ. Впрочем, јасно е дека Борисов всушност не сака никаков компромис со Македонија: тоа се гледа во реакциите на обидите на Заев да се согласи на тој наратив за „администрација”, а која всушност претставуваше окупација. Красимир Каракачанов го нарече Заев Бугарин и рече дека умот му доаѓа следниот ден. Бојко Борисов не е Алексис Ципрас и јас се надевам дека Заев ја научи таа лекција, вели Главашевиќ.

Тој не е од оние што Југославија ја романтизираат, но сосема сигурно дека тоа не беше таков социјализам каков што постоеше зад Железната завеса.

-А во Бугарија беше токму таков. Бојко Борисов тоа сигурно треба добро да го знае бидејќи токму во тој режим ги помина формативните години на својата кариера и тоа во Министерството за внатрешни работи. Познато е каков профил на личност беше подобен за такви позиции.
Многу е иронично Борисов да говори денес за социјализмот на таков начин, вели Главашевиќ.

Целото интервју во кое пратеникот зборува за сличностите меѓу бугарско-македонскиот со хрватско-словенечкиот спор, како и за други актуелни случувања може да прочитате на МКД.мк

 

Треба да знаете
Последни објави