Романскиот фудбалски делител на правдата Себастијан Колетску кој ја извршуваше улогата на четврти судија на мечот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Башакшехир е во центарот на вниманието во светот затоа што го обвинија дека на расна основа го навредил помошник-тренерот на турскиот претставник во елитното натпреаврување Пјер Вебо, по што се случи прекин на натпреаврот. Гостите од Турција навредени од неговиот однос се повлекоа во соблекувалната и не сакаа да се вратат на теренот во Париз да го доиграта натпреварот кој беше прекинат само по 14 минути игра.
Колетску по натпреварот даде кратка изјава за „ПроСпорт“ и кажа дека не е расист, како што се пишува за него во светските медиуми.
-Во следните денови нема да читам никакви текстови. Секој кој ме познава знае дека не сум расист. Барем верувам дека е така. Не може да даваме други изјави, зашто прво мора да разговарам со УЕФА. Би ви одговорил на прашањата, но не можам вечерва, изјавил романскиот судија.