Веќе во првото коло од групната фаза го добивме најубавиот гол на Светското првенство во Катар. Од 10-те голови избрани од ФИФА голот на Ришарлисон доби најмногу гласови од фановите.
Темпераментниот Бразилец ги постигна двата гола во победата од 2:0 над српската репрезентација на првиот меч од групата Г, а вториот ја заслужи титулата најдобар гол на турнирот.
Тоа беше вистинска ракета во мрежата на Милан Борјан во 73. минута Ришарлисон со десна ја прими топката на Винисиус и со акробатски потег, своевидни -полу-ножички го постави конечниот резултат со удар во десниот агол на голманот.
ФИФА не објави колку гласачи го избрале овој гол за најубав во Катар, но во секој случај добил најмногу гласови.
Richarlison! What have you done?! ????#FIFAWorldCup | @richarlison97 pic.twitter.com/kCKFdlINXq
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 24, 2022