Манчестер јунајтед го доби џекпотот од ждрепката за четвртфиналните двојки во фудбалскиот Лига Куп на Англија. „Црвените ѓаволи“ го добија најпосакуваниот противник во оваа рунда, третолигашот – Чарлтон.
Во останатите три двојки, ќе има пресметки помеѓу екипи од елитната Премиер лига. Манчестер сити, кој синоќа го елиминира Ливерпул, ќе гостува кај Саутхемптон, Нотингем форест ќе биде домаќин на Вулверхемптон, додека Њукасл на свој терен ќе го пречека Лестер.