Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, претрпе нов домашен пораз во АБА лигата против директен ривал од битката за опстанок. Сплит славеше со 85-80.
За МЗТ, ако продолжи вака преселбата во АБА 2 е извесна, бидејќи до крајот на сезоната против сите конкуренти против кои реално евентуално може да победи со ваков состав, тимот ќе треба да гостува.
МЗТ водеше со 4 поени разлика после три четвртини игра, но Штрковите беа очајни во последната четвртина, па во финишот добија и навреди од нивните верни навивачи кои предвреме ја напуштија трибината.
Војдан Стојановски со 17 поени и Мајк Кефи со 15 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје, додека најдобар кај Сплит беше поранешниот „металец“, Доминик Мавра со 23 поени.