Наредната година почнуваат квалификациите за Европското првенство во 2024 година, а во месец март Швајцарија ќе игра како гостин против Белорусија, ама во Србија.
УЕФА го определила Нови Сад како град домаќин на кој Белорусија ќе ги пречека Швајцарците. Белорусите поради поддршката за Русија во војната со Украина не може да игра домашни мечеви во својата татковина. На предлог од Белорусите УЕФА одлучи нивниот прв натпревар во квалификациите во март да го играат како домаќини во Нови Сад.
Познато е дека Србија и Швајцарија имаа неколку интересни натпревари проследени со тензии на теренот по провокативните потези од Гранит Џака и Џердан Шаќири. Ова може да придпонесе за пекол на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад без разлика што на овој натпревар нема да игра српската селекција.