Ако им се верува на британските медиуми, а Скај Спортс е еден од најавторитетните, двајцата боксерски тешкаши и големи „фаци“ од овој спорт се договорија меѓусебно да се борат за титулата светски првак.
Тајсон Фјури и Олександр Усик се договорија да се соочат еден со друг во рингот во она што би било многу очекувано обединување на титулите, рече Боб Арум .кој стои и зад промоцијата на Фјури.
Точниот датум и место на борбата, која ќе ги обедини титулите во тешката категорија за прв пат по Ленокс Луис во 1999 година, допрва треба да се одреди.
Сепак, и двајцата боксери сакаат борбата да се одржи на почетокот на 2023 година. Менаџерот на Усик вели дека борбата треба да се одржи најдоцна до 4 март 2023.
Кандидати за домаќини на големиот боксерски меч се Блискиот Исток, поточно Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, а можеби и Катар и Велика Британија.
Кога битката би се одржала на Островот, Вембли би бил речиси сигурна опција.
Tyson Fury and Oleksandr Usyk have agreed to fight each other next. pic.twitter.com/oziKEuPS7M
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 20, 2022
“Fury-Usyk could land at Wembley!” ????????
Bob Arum reveals that @Tyson_Fury’s Undisputed fight with @usykaa could land in the UK.
Watch full 2022 recap with Bob here ???? https://t.co/5OTBkQwPMN pic.twitter.com/bkGrsCHNXE
— Boxing Social (@boxing_social) December 20, 2022