Ангеловски за Милевски: Македонија имала и ќе има многу селектори, но никој не се тепал со навивачи

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски во интервју за Спорт1 разговараше за состојбата во македонскиот фудбал, лошите потези на раководството на ФФМ и за неговиот наследник Боби Милевски.

Македонија во март беше на еден чекор до СП, успеа да го елиминира европскиот првак Италија, ама пред судирот со Португалија, циркузите што претходеа пред заминувањето за Порто, ја „потресоа“ репрезентацијата, посебно со делењето дипломатски пасоши и дочекот, за нешто што не беше комплетен успех, зашто преостана последниот чекор.

„Наместо да се искористи целата таа еуфорија и само да се мисли на Португалија, се правеа квази прослави со седум репрезентативци пред 200 луѓе на некој дочек на плоштад, па следниот ден се отвораше дури и Министерството за надворешни работи за да се дадат пасоши, наместо сета концентрација да биде за мечот со Португалија и Македонија да има настап на Светско првенство. Македонија имала, и во иднина ќе има многу селектори, ама досега ниту еден не отиде да се тепа со навивачи“, вели Ангеловски.

Треба да знаете
Последни објави