Францускиот напаѓач Килијан Мбапе одигра одлично финале против Аргентина постигнувајќи хет-трик прв на завршницата од 22. Светско фудбалско првенство кое вечерва заврши во Катар
Напаѓачот на ПСЖ прво даде два гола во две минути во 80. и 82. минута и го одведе дуелот во продолженија, а потоа даде трет гол, пак од пенал во продолжението во 118. минута и и овозможи на Франција да се надева на одбрана на титулата во пенал серијата.
Мбапе го постигна вториот хет-трик во финалињата на Светските првенства, по Џеф Херст во дресот на Англија против Западна Германија на СП 1966.
Мбапе гои заврши СП со осум постигнати гола и е прв стрелец на кого ќе му припадне „Златната копачка“ на СП 2022 во Катар, пред меси кој заврши со седум гола.