Капитените на Франција и на Аргентина, Иго Љорис и Лионел Меси влегоа во историјата на Светските фудбалски првенства со тоа што се најдо во почетните состави на финалето во Катар. По првото полувреме Аргентина има предност од 2:0 со голвите на Меси од пенал и Ди Марија
За Љорис, ова е 20. настап за Франција на едно СП, со што ќе стане голманот со најмногу мечеви во историјата на Мундијалите. Меси, пак, ќе го игра својот 26. меч на СП, со што го поминува Германецот Лотар Матеус на вечната листа.
Тие не се единствени кои рушат рекорди во финалето. Баерн Минхен ја продолжува низата со тоа што има играч во секое финале од 1982 година, откако Дајот Упамекано е во стартниот состав. Интер исто така можат да го израмнат рекордот ако Лаутаро Мартинез влезе в игра.