Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко ги сподели своите очекувања за финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција. Тој направи и споредба меѓу ѕвездите на двата тима, Лионел Меси и Килијан Мбапе.
„Меси е симбол на Аргентина. Тој е легенда, еден од најдобрите на сите времиња. Не случајно е ставен покрај Диего Марадона и Пеле. Таков фудбалер заслужува да ја освои светската титула. Меси е лидер, игра многу напорно, постигнува добри голови, прави асистенции. Вистински капитен“, изјави Шевченко.
Сепак, тој вели дека следната планетарна ѕвезда е Килијан Мбапе.
„Од другата страна ја имаме многу квалитетната и избалансирана репрезентација на Франција. Килијан Мбапе е исклучително силен. Времето на Меси истекува, а Мбапе е новата голема ѕвезда. Килијан веќе има една светска титула. Нè очекува возбудливо и интересно финале“, изјави поранешната ѕвезда на Милан.