Возбудувањата на Светското фудбалско првенство во Катар кое почна на 20 минатиот месец ќе кулминираат овој викенд со малото и големото финале.
Како увертира на натпреварот за светската титула, попладнево од 16 часот ќе се одигра натпреварот за третото место меѓу актуелниот светски вицешампион Хрватска и најголемото изненадување на Мундијалот, Мароко.
Хрватска во полуфиналето загуби од Аргентина со 3-0, додека импресивната серија на Мароко ја запре Франција со триумф од 2-0.
Натпреварот за бронзениот медал ќе се одигра на стадионот „Калифа интернешнл” во Доха со почеток во 16 часот.
Во битката за титулата утре во истиот термин на стадионот во Лусаил, оддалечен 35 километри од центарот на Доха, ќе играат актуелниот светски првак Франција и Аргентина, која на светска титула чека од 1986 година.
И двете репрезентации досега имаат по две светски титули.